Бројот на цивили убиени во последните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на 356, соопшти Министерството за здравство на Газа. Нападите биле извршени ненадејно, додека повеќето жители спиеле, што дополнително го зголемило бројот на жртви.
Газа повторно бил под интензивно бомбардирање, а луѓето во паника излегле на улиците, додека многумина останале заробени под урнатините.
Нападите уследија по период на прекин на огнот кој веќе беше кревок, со повеќе од 150 Палестинци убиени во изминатите два месеци. Сепак, жителите на Газа не очекуваа ваков брутален напад во деновите на Рамазанскиот пост во пресрет на големиот муслимански празник.
Извештаите од терен покажуваат дека повеќето од убиените се жени, деца и стари лица, а во некои случаи и цели семејства биле збришани.
Во меѓувреме, израелските власти дополнително ја заострија блокадата на Газа, спречувајќи медицинска евакуација преку граничниот премин Рафах, дополнително отежнувајќи ги напорите за спасување и пружање медицинска помош на повредените.
⚡️🇵🇸🇮🇱BREAKING:
Israel has ended the ceasefire in Gaza and is bombing across the Strip, targeting tents, schools, and displacement shelters.
Civil Defense in the Gaza Strip: More than 15 martyrs and a number of wounded as a result of more than 35 Israeli raids.
8 Palestinians,… pic.twitter.com/zwzywjHH5Q
— Suppressed News. (@SuppressedNws) March 18, 2025
Одговорот на САД на овие напади уште еднаш покажува јасен и несомнен сојуз со Израел. Иако и администрациите на Трамп и Бајден тврдат дека силно го поддржуваат Израел, Бајден во минатото се обиде барем формално да изврши притисок врз Нетанјаху да се обиде да ги минимизира цивилните жртви. За време на неговата администрација, израелската војска повремено користеше летоци за да ги предупреди цивилите пред бомбардирањето.
Сепак, по последниот напад немаше такви предупредувања. Трамп, кој претходно изјави дека не му е грижа дали Нетанјаху повторно ќе започне војна, дополнително ја засили својата реторика за поддршка на Израел, тврдејќи дека Газа повеќе не е погодна за живеење и сугерирајќи дека Палестинците треба да ја напуштат територијата.
Палестинската управа во Газа ги осуди нападите во соопштение, нарекувајќи ги „брутални масакри“ кои потврдуваат дека „израелската окупација го знае само јазикот на убивање, уништување и геноцид“. Тие ја повикаа меѓународната заедница итно да реагира и да спречи дополнителни цивилни жртви.