Интер Мајами забележа уште еден разочарувачки резултат на претсезонските тестирања во САД, откако загуби на пенали на гостувањето кај Висел Коби. Двата тима не постигнаа голови во регуларното време, по што директно отидоа на пенали, во кои Јапонците победија со 4:3.
Очекувано, фокусот беше главно на мегаѕвездата на Интер, Лионел Меси. Светскиот шампион се појави како замена во 60. минута и за половина час на теренот имаше шанси за гол.
How old is Messi again? Bro😳 pic.twitter.com/ES1qokqUjW
— M A E S T R O (@14_Jersey_) February 7, 2024
Така барем локалните навивачи се радуваа што го видоа „Ла Пулга“, откако пред неколку дена повреда го спречи да игра во Хонг Конг на спаринг сесија со локални ѕвезди.
Во пеналите против Висел, пак, впечаток оставија две работи. Од една страна, изненадувачки самиот Меси воопшто не изведе пенал, иако тоа го направија шест негови соиграчи. Од друга страна, камерите ги фатија Лео и Жорди Алба како се смеат откако нивниот соиграч Роберт Тејлор двапати промаши. Со првиот удар од белата точка, голманот се најде пред гол-линијата, поради што судиите наредија повторување. На вториот обид, пак, дотичниот играч на Интер не успеа. Меси е критикуван на социјалните мрежи за неговото однесување во оваа ситуација.
Messi after Robert Taylor missed two penalties 💀 pic.twitter.com/ljpzqRNhCt
— a. (@lapulgaprop_) February 7, 2024
Лошата вест за Мајами е што Серхио Бускетс заработи повреда во првото полувреме.
Пред почетокот на новата сезона во МЛС лигата (22 февруари), Интер Мајами има уште една контрола – против поранешниот клуб на Меси, Њуелс Олд Бојс (16 февруари)