🎥ЦИА директно им се обрати на руските шпиони со видео: „Имате ли храброст да ги предадете? Ја продадоа земјата за јахти“

од Vladimir Zorba
428 прегледи

Американската ЦИА објави видео со висока продукција на руски јазик во кое се обидува да ги убеди руските разузнавачи да ја сменат страната и да станат двојни агенти на Вашингтон.

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, во јули изјави дека незадоволството кај некои Руси поради војната во Украина создава единствена можност за регрутирање шпиони и дека организацијата нема да ја пропушти.

Видеото објавено на официјалниот канал на ЦИА на Х има за цел руски патриоти вработени во разузнавачката заедница кои се сметаат за предадени од корупцијата во елитните кругови и лошата опрема и снабдување на руските вооружени сили.

„Оние околу вас можеби не сакаат да ја слушнат вистината. Но ние сакаме. Не сте беспомошни“, им кажува речиси триминутното видео, во кое се наведени и начини како да стапите во контакт со американската агенција.

Главниот лик во видеото, придружен со меланхолична класична музика, е измислен 35-годишник, вработен во воена разузнавачка агенција. Тој е претставен како патриот кој ја сака Русија и некогаш служел како падобранец.

„Дали имам доволно храброст да се спротивставам на ова предавство?“, вели тој во видеото, пред да открие дека сфатил дека вистинските непријатели во Русија се корумпираното раководство и елитата.

„Врвното раководство ја продаде земјата за палати и јахти, додека нашите војници џвакаат скапани компири и пукаат со праисториско оружје. Нашите луѓе се принудени да плаќаат мито за да најдат работа“, продолжува 35-годишникот во видеото, кое ги спојува снимките од бледата руска зима со луксузни автомобили и шампањ.

Главниот лик потоа истакнува дека неговиот патриотизам го поттикнал да соработува со ЦИА, а на крајот се гледа како контактира со таа американска агенција.

Слични содржини