🎥Дали знаете која земја прва влезе во 2024 година?

од Vladimir Zorba
400 прегледи

Архипелагот Кирибати во Пацификот беше првиот што влезе во Новата 2024 година, во недела на 31 декември во 11:00 часот по средноевропско време.

Нов Зеланд, Тонга и Самоа, а по нив Австралија, беа следните што ќе ја дочекаат Новата година, а милиони се очекува да учествуваат во прославите во наредните часови.

Огромни толпи се собраа во Сиднеј во исчекување на еден од најспектакуларните новогодишни огномети во светот.

Непосредно пред полноќ, односно во 14 часот по средноевропско време, осум тони пиротехнички средства беа лансирани од двете најпрепознатливи знаменитости во Австралија – Мостот Харбор и Операта – со што започна дванаесетминутниот спектакл.

Американска Самоа, на само 220 километри источно од Самоа, од другата страна на меѓународната линија за датум, ќе биде последната што ќе го поздрави доаѓањето на 2024 година.

Островите Бејкер и Хауланд, кои влегуваат последни, се ненаселени.

Слични содржини