Уругвај беше поразен во полуфиналето на Копа Америка од Колумбија, а овој пораз на некои им падна многу тешко. Меѓу нив е и Дарвин Нуњез, кој отиде на трибините на стадионот во Шарлот да се пресмета со колумбиските навивачи.
Напаѓачот на Ливерпул заедно со Араухо од Барселона излегоа на трибините да се пресметаат со колумбиските навивачи. Во таа прилика бил удрен со тупаница во главата.
A closer look at what happened between Darwin Nunez and Colombia fans. 🇨🇴🇺🇾 pic.twitter.com/IPJWs2xSK5
— CentreGoals. (@centregoals) July 11, 2024
Наводно, причина за ваквата реакција на играчите било постојаното малтретирање на семејството на Дарвин од страна на колумбиските навивачи.
Уругвај беше поразен од Колумбија, која во финалето ќе се сретне со бранителот на титулата Аргентина.