Новиот тренер на ЛА Лејкерс, Џеј Џеј Редик (40) и се обрати на јавноста откако беше промовиран за нов шеф на Лејкерс.
Поранешниот кошаркар, кој мина 15 сезони во НБА, ја презеде клупата на Лејкерси по заминувањето на Дарвин Хам. Ова ќе биде негов прв тренерски ангажман во кариерата, а со франшизата од Лос Анџелес потпиша четиригодишен договор вреден осум милиони долари по сезона.
„Никогаш не сум тренирал тим од НБА, не знам дали го знаете тоа?“, се пошегува Редик на промоцијата и објасни како дошол до идеја да се занимава со тренерска работа.
„По разговорите со Торонто Репторс минатата година, знаев дека сакам да бидам тренер во НБА. Така, минатата година поминав многу време разговарајќи со тренерите, генералните менаџери, „скенирајќи“ им го мозокот. Чувствував дека ова е она што треба да бидам. “ додаде тој.
Подкастот, кој започна во март со Леброн Џејс, ќе биде одложен до дополнително известување.
„Засега, и се надевам долго, долго време, ќе бидам екскомунициран од тој простор. Нема да има поткаст. Засега завршив со поткастот“.
Shoutout from Coach 🗣️ pic.twitter.com/o8WDaouA0X
— Los Angeles Lakers (@Lakers) June 24, 2024
Леброн Џејмс, кој треба до 29 јуни да ја прифати последната година од договорот со Лејкерси или да стане слободен агент, не влијаеше на одлуката на Редик да ги преземе Лејкерси.
„Тој не ми даде никаков совет. Леброн и јас не разговаравме за Лејкерси до вторник попладне, околу 30 минути откако ми беше понудена работата. И тоа беше намерно од двете страни“.
Поранешниот аналитичар е возбуден поради новата улога во НБА.
„Искрено, сакам да бидам тренер на Лејкерс. Сакам да тренирам тим. Не сакам да ништо да отфрлам. Сакам да станам одличен тренер во НБА. И сакам да освојувам титули. И сакам моите играчи да ја максимизираат нивната кариера“.
Џеј Џеј Редик потоа во неколку други прилики изјави дека е среќен што влегува во тренерските води и дека на тимот на Лејкерс гледа како на „екипа што не е толку далеку од шампионски калибар“.
Тој смета дека шампионските очекувања на Лејкерси за следната сезона се донекаде „разумни“ и дека ќе направи се што е во негова моќ за да изгради тим достоен за 18-тиот „банер“ на НБА лигата.