🎥„Додавањето на Палмер од 50 метри е едно од најдобрите досега во ПЛ“

од Vladimir Zorba
69 прегледи

Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, рече дека луѓето плаќаат билети за да гледаат фудбалер како Кол Палмер, кој беше најзначаен во победата на лондонскиот клуб во Премиер лигата над Њукасл.

Од својата половина, Палмер направи додавање од 50 метри покрај бекот на Њукасл, Тино Ливраменто до соиграчот Педро Нето, кој потоа му асистираше на Николас Џексон за водство во 18. минута.

„Тоа е причината зошто луѓето плаќаат, сакаат да видат таков фудбалер. Многу сме среќни што го имаме во тимот“, изјави Мареска.

Коментирајќи ја играта како консултант за Sky Sports, поранешниот играч на Ливерпул Џејми Карагер рече дека додавањето на Палмер е „едно од најдобрите додавања што тој ги видел во Премиер лигата“.

Њукасл израмни во 31. минута со голот на Александар Исак, а победничкиот гол го постигна Палмер во 47. минута. Тоа беше негов седми гол сезонава, а има и пет асистенции.

Откако се приклучи од Манчестер Сити минатата сезона, Палмер беше вклучен во 45 гола во 42 првенствени натпревари.

На прашањето што го прави посреќен, головите или асистенциите, Палмер одговори: „И двете работи – ако постигнеме гол од една од тие ситуации, јас сум среќен“.

Слични содржини