Лос Анџелес Лејкерс оствари победа и изедначи во плејоф серијата на 1-1 против Минесота Тимбервулфс (94:85), а по натпреварот изјава даде и играчот на Лејкерс, Лука Дончиќ.
Лука одигра маестрално и секако беше најзаслужниот што Лејкерси стигнаа до израмнување по воведниот пораз во серијата.
Словенечкиот интернационалец беше на прагот на трипл-дабл, бидејќи имаше 31 поен, 12 скока и девет асистенции, но на почетокот на прес-конференцијата истакна дека бројките не му се важни.
„Моите бројки не се важни. Мора да победиме без разлика дали ќе постигнам 30 или десет поени. Тимот е над се и најважно е што бележиме победи“, изјави Лука Дончиќ
Тој истакна дека неговиот тим играл добро во текот на целиот натпревар.
Luka Doncic: "Going into Minnesota is gonna be a war. The fans are going to be cheering like crazy. No matter what, we can't panic" pic.twitter.com/9JCdDK5BrT
— ²³𝙻𝚎𝙱𝚛𝚘𝚗𝚌𝚑𝚒𝚝𝚒𝚜🏀☄️🌎💞 (@BronGotGame) April 23, 2025
„Игравме многу добро во текот на целиот натпревар. Почнавме агресивно и успеавме да одржиме високо темпо. Бев добар во одбраната, но нивната екипа ми помогна многу. Важно е сите пет играчи на теренот да играат добро. Мора да останеме на високо ниво за следниот натпревар“, порача Словенецот.
Вели дека заминувањето во Минеаполис е како војна за неговиот тим.
„Одењето таму ќе биде војна. Навивачите ќе навиваат како луди. Без разлика на се, не смееме да паничиме“, додаде Дончиќ.