🎥Дончиќ загуби облог: Не успеа да го повтори тоа што го направи тренерот и заработи „казна“

од Vladimir Zorba
48 прегледи

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ се подготвува за вториот дуел од плеј-оф серијата во НБА со својот Лос Анџелес Лејкерс против Минесота Тимбервулвс, а на последниот тренинг беше видена интересна сцена.

Дончиќ на првиот меч претрпе болен пораз од Минесота, па Тимбервулфс имаат предност на почетокот од серијата. Вториот натпревар е закажан за вечерва во Лос Анџелес (04:00 часот), а Лејкерси мора да победат доколку сакаат да се пласираат во четвртфиналето на лигата.

На последниот тренинг на Лејкерси беше видена многу интересна сцена во која Лука Дончиќ имаше традиционална „пресметка“ со тренерите.

Дончиќ и неговите тренери шутираа тројки од центарот на теренот, а бидејќи Словенецот не успеа да го повтори тоа што го направи неговиот тренер, мораше да прави склекови за „казна“.

Иако на хартија важеа за фаворити, Лејкерси беа поразени со резултат 95:117. Лука Дончиќ беше импресивен во првиот меч од серијата со 37 поени, но недостигаа поените на неговите колеги од кои се очекуваше да одиграат добро, пред се Остин Ривс и Џексон Хејс.

Слични содржини