🎥Драма на аеродромот во Стокхолм: Кабина на авион се наполни со чад

од Nikola Popovski
587 прегледи

Несекојдневни сцени биле забележани на аеродромот Арланда во Стокхолм додека патниците на авион на компанијата Рајанер биле евакуирани со тобоган од авионот откако кабината се наполнила со чад.

На снимката се гледа како патниците, кои требало да се упатат кон Краков, ги облекле палтата и почнале да го напуштаат авионот со помош на тобоганот за евакуација на авионот.

Драмата се одвивала утрово додека преполниот Боинг 737 се подготвувал за полетување.

Инцидентот предизвикал реакција на итните служби. Од Рајанер се извиниле за доцнењето и потврдиле дека резервен авион бил пренасочен во Арланда за да ги однесе патниците до нивната дестинација во Краков.

„Авион во Арланда утрово пријави чад во кабината. Како мерка на претпазливост, патниците се евакуирани и вратени на терминалот. Инженерите го проверуваат авионот и резервно летало е префрлено во Арланда за да го изврши овој лет до Краков со проценето време на полетување во 14 часот по локално време“, соопштил портпаролот на Рајанер.

Слични содржини