Аргентина беше поразена на гостувањето кај Колумбија во Баранкиља, а во центарот на вниманието повторно беше голманот на оваа репрезентација Емилијано Мартинез.
Аргентинскиот голман, Емилијано Мартинез е познат по своето однесување кое често ги надминува границите на нормалноста. И повторно направи скандал.
Колумбија оствари голема победа против светскиот шампион, славеше со 2:1 и значително ги зголеми шансите за пласман на Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
Блескаше Хамес Родригез кој неодамна стана играч на шпански Рајо Ваљекано, тој беше асистент и стрелец на овој меч. Но, наместо за неговата партија, се зборува за нов скандал во режија на Мартинез.
Чуварот на мрежата на „гаучосите“ не можеше да го поднесе поразот, а гневот го исфрли на камера. Имено, кога камерманот се доближил до Емилијано, тој решил да ја удри и да ја сврти во друга насока.
#FÚTBOL: ¿ESTE ES EL ÍDOLO ARGENTINO?
Así reaccionó ‘Dibu’ Martínez luego de llevarse dos goles de Colombia 🇨🇴 para su casa, al perder 2-1 en el Colombia vs Argentina en Barranquilla. ¿Qué opinas? pic.twitter.com/sXQgMxgNTA
— Colombia Noticias (@CNotiWeb) September 10, 2024