🎥Епизода 26: Наталија Бургиева

од Vladimir Zorba
399 прегледи

Во оваа епизода разговараме со Наталија Бургиева која е доказ дека може да се развие бизнис модел кој ќе биде профитабилен, но ќе прави и социјална промена.

Таа е дел од тимот на Мама Органа, компанија која произведува органско ѓубриво, песок за мачки и други продукти од отпад од храна.

Претпријатието вработува самохрани родители и се грижи да им обезбеди средина каде можат професионално да се развиваат, но и флексибилност да се грижат за своите деца.

Во епизода 26 на „Што го врти светот?“ разговараме на теми како:
✅ Дали отпадот е ѓубре или ресурс за производство на нови продукти?
✅ Што сѐ прават земјите од светот и соседството со отпадот?
✅ Способноста на една самохрана мајка која се бори со болест да изгради успешно претпријатие и да им помогне на други родители во истата позиција
✅ Дали новите генерации сакаат да развиваат одговорни бизниси?

Слични содржини