🎥Еруптираше вулканот Етна: Откажани сите летови на Сицилија

од Илинка Илиоска
64 прегледи

Летовите до градот Катанија на источниот италијански остров Сицилија денеска беа прекинати по ерупцијата од вулканот Етна, соопшти аеродромскиот оператор, што им донесе нови проблеми на патниците за време на екот на летната туристичка сезона.

Етна, еден од најактивните вулкани во светот, доживува интензивна активност во последните недели, исфрлајќи пепел и лава.

Аеродромот во Катанија веќе беше затворен претходно овој месец поради пепел во воздухот над областа. Пристаништето делува како центар на источниот дел на Сицилија и привлекува повеќе туристи отколку главниот град на островот, Палермо.

Во соопштението се наведува дека властите донеле одлука „да ги прекинат сите дојдовни и појдовни летови“.

„Суспензијата ќе резултира со откажувања и/или пренасочување кон други аеродроми“, рекоа тие, додавајќи дека нормалното функционирање на аеродромот ќе продолжи кога ќе престане исфрлањето на пепел.

Слични содржини