7,4K
Претставникот на Франција на овогодинешната Евровизија Слиман го прекина настапот на генералната проба пред почетокот на финалето.
Тој реши да испрати важна порака среде песна, а снимката на големо се прошири на социјалните мрежи.
„Сакам да кажам нешто. Се извинувам што не зборувам добро англиски… Кога бев дете сонував за музика, сонував за овој сон, да пеам во мир. Секој уметник овде сака да пее за љубовта и мирот. Мора да бидеме обединети преку музиката, да, но со љубов кон мирот. Ви благодарам многу“, додаде Слиман.