🎥Ганиу истури ѓубре пред Град Скопје, Арсовска повторно снимаше во живо: „Вики каде избега? Должиш 7 милиони на Комуналец“

од Nikola Popovski
404 прегледи

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, заедно со повеќе граѓани, синоќа наполниле камион со ѓубре и се упатиле кон објектот каде што е сместена администрацијата на Градот Скопјe. По пристигнувањето, го исфрлиле ѓубрето токму пред вратата на кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска. Ганиу пред медиумите на албански јазик во земјава изјави меѓу другото дека Чаир е оставен каков што бил за време на комунизмот.

После извесен период, на местото се појави градоначалничката Арсовска која повторно снимаше во живо на социјалните мрежи. Таа во видеото информира дека „градоначалникот на Чаир го собирал ѓубрето од дивоградбите и некои фотелји, па откако му пишав на Фејсбук дека не му е добар планот, го сменил ѓубрето и повторно со нелегално возило, спротивно на закон, го истурил пред Град Скопје“.

-Се задржал точно три минути. Кога му реков доаѓам, џом да го нема. Висар Ганиу, а бе Вики, кај си бе дечко ти? Кај избега, зошто не причека? Точно три минути. На нога избегал низ парк кога слушнал дека доаѓам. Да беше маж, ќе причекаше тука да дојдам и да ти ги покажам документите што ти ги имам извадено. Ѓубрето не е фактор затоа што седум милиони ѝ должиш на Комунална хигиена, рече Арсовска.

Градоначалничката најави дека ќе ги извади сите криминали на нејзиниот колега од општина Чаир. Таа истакна и дека „Комуналец“ согласно закон собира комунален смет од домаќинствата.

-Твоите тули и фотелјите не се должни да ги собираат. Спреми се кога ќе ти дојдам во општина Чаир со фалсификатите. На сите ќе им ги вратиш парите, посочи Арсовска и најави дека денеска повторно ќе биде на територија на општината со која раководи Ганиу.

Вчера на социјалните мрежи се огласи и објави решение, при што Арсовска посочи дека се отвораат сомнежи за прикривање и обвини дека Владата и министерот за внатрешни работи треба да постапуваат, а не да се уништуваат докази. Таа го продолжува „ловот“ на дивоградби. Од Обвинителството велат дека досега имаат примено само известување од СВР Скопје по кое веќе се постапува, но ништо друго дополнително нема пристигнато.

Слични содржини