Најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, постигна уште два гола за својот тим Интер Мајами, во победата од 2-1 против Нешвил.
Брилијантниот Аргентинец го постигна својот прв гол во 17-тата минута од слободен удар, со што го постави резултатот за првото полувреме.
Сепак, гостите успеаја да израмнат во 49-тата минута преку Хани Мухтар, а во 62-тата минута Меси постигна уште еден гол за домашниот тим.
Тој ја искористи лошата реакција на противничкиот голман, пресретна топка, а потоа постигна гол за победа на Интер.
Messi steals it, Messi scores it.
ANOTHER BRACE FOR LEO. FIVE STRAIGHT GAMES. pic.twitter.com/t9pXjpFsNx
— Major League Soccer (@MLS) July 13, 2025
Ова беше 14-тиот гол на Меси во 15 натпревари за Интер Мајами, а тој додаде и шест асистенции на својот учинок во головите. Патем, во последните пет натпревари во МЛС, Аргентинецот постигна десет гола и регистрираше пет асистенции.
Тоа беше и неговиот шести натпревар по ред во кој постигна гол, еден помалку од неговата најдолга серија во натпреварите во МЛС.
Со гол во 62-та минута, тој направи нешто што не го направил од 2012 година, пишува ESPN. Тоа беше последен пат кога постигна барем два гола во пет последователни натпревари. Тоа беше за време на неговите натпревари за Барселона.