🎥Гените се чудо! Синот на Леброн веќе е кошаркарска машина, „лета“ како неговиот татко и ќе биде ноќна мора за сите противници

од Vladimir Zorba
536 прегледи

Леброн Џејмс, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња и ѕвезда на Лос Анџелес Лејкерс, и на 40 години останува вистинска кошаркарска машина. Неговата доминација во НБА-лигата трае повеќе од две децении, а сега се очекува наскоро да има наследник во најсилната кошаркарска лига во светот.

Неговиот постар син Брони Џејмс (19) би можел да игра во НБА од следната сезона, додека на 17-годишниот Брајс Џејмс му се предвидува уште поголема кариера.

Леброн пристигна во НБА во 2003 година, веднаш по завршувањето на средното училиште, како прв пик на Кливленд Кавалирс, а на 18-годишна возраст ја презеде франшизата. Неговите повеќе од две децении успеси го сместија на позицијата на еден од најголемите кошаркари досега, со титулата најдобар стрелец во историјата на НБА.

Иако во декември ќе го прослави својот 40-ти роденден, кариерата на Џејмс продолжува.

Желбата на Леброн е да игра покрај својот син во НБА, а тој сон може да се оствари со Брони, кој се очекува да биде драфтуван оваа година. Тој дури може да биде потпишан од Лејкерс, тимот за кој моментално игра Леброн.

Но, со оглед на физичката подготвеност на Леброн, можно е на НБА паркетот да го пречека и својот помал син Брајс.

Брајс, кој моментално игра за средното училиште Сиера, покажува огромен потенцијал. Неговите неодамнешни настапи, вклучително и импресивно забивање, ја поттикнаа имагинацијата на многу љубители на кошарката.

Брајс е висок 198 сантиметри и игра на позиција бек шутер, а моментално има понуди од Универзитетот Дјук и Охајо стејт. Исто така, интерес има и од Универзитетот во Јужна Калифорнија (USC).

Слични содржини