Новак Ѓоковиќ, најдобриот српски тенисер, бил погоден во глава на турнирот во Мајами пред мечот со Ринки Хиџиката. На тренингот пред мечот, Ѓоковиќ добил удар во главата.
Кога се упатил да потпише автограми, некој од публиката испуштил предмет во форма на поголемо тениско топче, кој паднал директно врз главата на Ѓоковиќ.
Се чини дека тоа го изнервирало српскиот тенисер.
View this post on Instagram
За потсетување, ова не е прв пат да му се случи вакво нешто на Ѓоковиќ. Минатата година на Мастерсот во Рим тој ненамерно беше удрен со шише со додека даваше автограми, но по одигран меч.
Според тогашните достапни видео-материјали, шишето испадна од ранец на момче кое сакало да земе автограм од Србинот и го погодило во глава. Ѓоковиќ доби расекотина на главата, па мораше да биде пренесен во болница за да му се укаже медицинска помош.