🎥Ѓорѓиевски тврди дека Скопје сега конечно личи на метропола, со Мицкоски ја најавија постапката за новиот Луна Парк

Мицкоски со Ѓорѓиевски во вечерна обиколка на централното градско подрачје на Скопје

од Nikola Popovski
50 прегледи

Премиерот Христијан Мицкоски синоќа заедно со градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски беа во обиколка на централното градско подрачје на Скопје.

„Вечерна обиколка на плоштадот и дел од Градскиот парк. Се беше чисто и средено како што доликува за нашето Скопје! Го посетивме и Луна Паркот за кој наскоро се започнува постапка за негова реализација“, објави премиерот на социјалните мрежи.

Со своја објава се согласи и градоначалникот Ѓорѓиевски.

„Вечерна обиколка на Скопје со премиерот, кое сега конечно личи на метропола, како што доликува. Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме. И никогаш повеќе нема да се повтори. Го посетивме и она што долги години му треба не само на Скопје, туку и на Македонија – Луна Паркот за кој наскоро започнуваме постапка за негова реализација“, порача градоначалникот.