🎥Голем број луѓе на погребот на критичарот на Путин, се огласи Кремљ

од Vladimir Zorba
403 прегледи

Стотици луѓе чекаат на ред да се простат од Алексеј Навални. Останува уште малку време до комеморацијата.

Од московската црква каде што ќе се одржи церемонијата се протега огромна линија на ожалостени луѓе, како што можете да се види на видеа на социјалната мрежа Х.

Од Кремљ велат дека секој неовластен митинг за Алексеј Навални, кој беше жесток критичар на Владимир Путин, би бил кршење на законот.

Портпаролот Дмитриј Песков пред новинарите изјави дека нема да дава никаква оценка за Навални како политичка личност и дека нема што да им каже на роднините.

Телото на Алексеј Навални е предадено на неговите роднини и наскоро ќе биде пренесено во црквата со погребно возило, изјави неговата портпаролка Кира Џармиш, а пренесува Индекс.

Слични содржини