Голем пожар избувна денеска во Крива Паланка, зафаќајќи ја населбата Лозаново.
„Градот се наоѓа под најголема стихија, а домовите на населението се директно загрозени“, изјави градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски. Тој апелира на смиреност и истовремено бара итна помош од соседните градови и од државата за справување со огнената стихија.
„Ги повикуваме сите граѓани што имаат можност и подготвеност – да се приклучат и помогнат во локализација и гасење на пожарите. Секоја помош е од непроценливо значење – и секој човек значи разлика! Ова е момент за единство, солидарност и хуманост. Да се мобилизираме како заедница – за заштита на нашите домови и природа“, објави градоначалничкот.
Надлежните служби се на терен, но поради големината и интензитетот на пожарот, потребна е дополнителна поддршка за да се заштити населението и нивните имоти.