🎥Големи поплави во кичевско – Црвениот крст спаси маж од надојдената вода

Досега се евакуирани околу 230 лица од кичевскиот регион кои се привремено сместени во спортската сала „Христо Узунов“

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук/Сител Тв

Според Црвениот крст на Македонија, досега се евакуирани околу 230 лица од кичевскиот регион кои се привремено сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Оттаму информираат дека се обезбедуваат душеци, кревети, ќебиња, храна и топли оброци, вода за пиење и средства за одржување на лична и колективна хигиена.

Црвениот крст останува посветен на обезбедување хуманитарна помош и психосоцијална поддршка за сите погодени семејства, со апел за солидарност и поддршка од заедницата во овие тешки моменти.

На нивните профили на социјалните мрежи беше споделено видео од спасување на маж од надојдената вода, висока над еден метар.

Десетци куќи и возила се под вода по вчерашните обилни врнежи од дожд кои предизвикаа излевање на Зајаска река. Прогласена е кризна состојба. Засега нема животно загрозени лица а за евакуираните организирана е достава на хуманитарна помош. Храна, вода, душеци, ќебиња. И тимови од Скопје се упатени со неопходна помош.

Од Центарот за управување со кризи велат дека состојбата се следи. Најсриоиозна е ситуацијата на улицата „Прилепска“, но имало пријави и од поплавени домови во Скопје.

Од УХМР велат дека стабилизација на времето се очекува во среда, но од петок повторно дождови.

Слични содржини