Министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман одржа прес-конференција на која зборуваше за бакнежот упатен кон германската колешка Аналена Бербок.
Да потсетиме, Грлиќ Радман учествуваше на конференцијата за зајакнување и проширување на Европската унија во Берлин, каде е забележан незгоден момент кога се фотографираа за групна фотографија, а министерот стоеше до германската министерка за надворешни работи.
Хрватскиот министер во еден момент и подаде рака на колешката од Германија и се обиде да ја бакне. Но, Бербок се отргна, а моментот брзо се прошири на социјалните мрежи.
Министерот рече дека „можеби“ бил незгоден момент.
„Ние министрите како колеги секогаш срдечно се поздравуваме. Ако некој видел нешто лошо во тоа, тогаш се извинувам на тој што го сфатил така. Авионот доцнеше, па се видовме само за семејната фотографија. Не знам како некој го снимил. Седиме еден до друг, комшии сме. Тоа беше многу добра конференција. Можеби излезе незгодно“, рече тој.
„Не знам што беше проблемот. Не видов, не бев свесен за тоа. Секогаш срдечно се поздравуваме. Тоа е топол човечки пристап кон колега“, додаде тој.
03.11.2023.
dr. sc. Gordan Grlić Radman,
ministar vanjskih i europskih poslova
(02.11.2023.) pic.twitter.com/k20F8nZEFo— 🎖 🅽🅴🅲🅹🅴🅿🅸Š🅰 🎖 (@RashoVeljkov1) November 3, 2023