19
Живиот ѕид на мексиканските фудбалери на Монтереј на натпреварот од Светското клупско првенство стана вистински хит на социјалните мрежи.
Имено, фудбалерите на Монтереј создадоа двоен жив ѕид кога Интер имаше слободен удар на околу 17 метри од голот.
Во оваа прилика, тие оставија простор во средината и ги покрија левата и десната страна од својот гол. На крајот, овој експеримент им се исплатеше, бидејќи Интер не постигна гол.
Патем, овој натпревар одигран на Светското клупско првенство заврши нерешено 1-1.
Серхио Рамос му донесе водство на Монтереј, а Лаутаро Мартинез израмни.