Израелските сили, според екипажот на бродот, се качиле на јахтата „Мадлин“ додека таа се обидувала да достави хуманитарна помош на палестинската територија.
Климатската активистка Грета Тунберг е меѓу активистите на бродот, а едрилицата во тој момент била во близина на египетскиот брег.
Во неделата, организацијата „Freedom Flotilla Coalitionа“, која управува со јахтата, објави фотографија на Телеграм на која се гледаат луѓе кои носат елеци за спасување и седат со кренати раце.
„Пред неколку моменти, беспилотни летала испуштија неидентификувани хемикалии врз „Мадлин“. Веднаш потоа, нашите мирни волонтери беа нападнати и пресретнати пред израелските сили да се качат на бродот. Неколку секунди подоцна изгубивме секаков контакт со нив.
View this post on Instagram
Дејствувајте сега. Веднаш контактирајте ја израелската амбасада во вашата земја. Побарајте нашите волонтери да бидат безбедни и неповредени. Повикајте ја вашата влада да воведе санкции врз Израел без одлагање. Она што им се случи на нашите волонтери е мал поглед на она што Палестинците во Газа го трпат секојдневно – речиси две години. Ова не е само напад врз брод. Тоа е дел од поширока кампања на насилство и неказнивост. Опсадата мора да се пробие. Престанете да овозможувате воени злосторства. Време е владите да дејствуваат.“
„СОС! Волонтерите на „Мадлин“ беа киднапирани од израелските сили!“, напиша групата.
Покрај Грета Тунберг, на едрилицата беше и левичарската француско-палестинска пратеничка во Европскиот парламент, Рима Хасан. АФП не можеше да контактира со никого на бродот.
Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека едрилицата сега „безбедно се движи кон бреговите на Израел“ и додаде дека „се очекува патниците наскоро да бидат вратени во нивните матични земји“.
Министерството објави видео на кое се гледа како на патниците им се даваат сендвичи и вода, а патниците носат и елеци за спасување. Патниците ќе бидат истоварени во израелското пристаниште Ашдод, објави министерството.
Во видеото објавено од Би-Би-Си, активистката Јасемин Акар наведува дека „кон волонтерите биле фрлени хемикалии“, истакнувајќи дека тие предизвикале иритација во нејзините очи. На крајот од видеото, Акар додава дека израелската армија го „пресретнала“ бродот.
Денешното пресретнување на „Мадлин“ доаѓа еден месец откако „Совест“, друг брод што се движел кон Газа, управуван од коалицијата „Флотила на слободата“, завршил во пламен покрај брегот на Малта. Активистите рекоа дека бродот бил нападнат од израелски беспилотни летала во меѓународни води на 2 мај. Израел соопшти дека го истражува нападот.
Невладината организација соопшти дека во тој инцидент „четири цивилни волонтери биле повредени, а бродот бил онеспособен и запален во европските води“. Малтешката влада соопшти дека сите на бродот се безбедни и дека пожарот е ставен под контрола.
Климатската активистка Грета Тунберг беше дел од групата која требало да се качи на бродот за време на неговото патување во Газа. Таа завршила на бродот „Мадлин“, кој отпловил за Газа минатиот петок.