Големо здравствено предупредување циркулира на интернет откако видео симулација откри што се случува ако секој ден ја консумирате популарната суперхрана на погрешен начин.
Станува збор за чиа семе, кое, доколку не е правилно подготвено, може да предизвика сериозни проблеми, пишува LADbible.
Семето е исклучително популарни во светот на здравата исхрана. Тоа е полно со омега-3 масни киселини за здравјето на мозокот, влакна клучни за добро варење и протеини кои го стимулираат растот на мускулите. Многумина го додаваат во јогурти, смутија и пудинзи, а фитнес инфлуенсерите редовно го препорачуваат на социјалните медиуми.
Видео симулацијата од „5 Minute Fitness“ ги истакнува и другите придобивки:
„Чиа семето може да го подобри и сонот. Тоа е природно богато со триптофан, аминокиселина која игра клучна улога во синтезата на мелатонин. Тоа е важен извор на хранливи материи кое придонесува за здрави заби и коски, а калциумот во нив помага и во спречувањето на кариес.“
Опасноста лежи во неправилната подготовка
Сепак, клучна грешка што ја прават многу луѓе е консумирањето суви, ненатопени семки. Семето од чиа има неверојатна способност да апсорбира течност – може да апсорбира до 12 пати поголема од нивната тежина во течност. Кога се јадат суви и доаѓаат во контакт со течност во хранопроводот, се претвораат во густа, желатинозна маса.
Ова е потврдено со случај објавен во Американскиот журнал за гастроентерологија уште во 2014 година, кога желатинозна маса од чиа семе се заглавила во хранопроводот на еден човек, што барало итна медицинска интервенција. Докторката, д-р Ребека Роул, која го лекувала пациентот, ја опишала масата како да има конзистенција „слична на пластелин“.
„Популарноста на семето расте и мислам дека ова ќе се случува почесто“, предупреди д-р Роул во тоа време.
Како безбедно да консумирате чиа семе?
За да се избегне ризикот од задушување или блокирање на дигестивниот систем, клучно е семето правилно да се подготви. Препорачливо е чиа семето да се потопува во вода, млеко, јогурт или сок најмалку 10 до 15 минути пред консумирање, а идеално е преку ноќ.
Ова ќе им овозможи да отечат пред да стигнат до грлото. Исто така, препорачливо е да се започне со мала количина, една до две лажици дневно (околу 14 грама), за дигестивниот систем постепено да се навикне на тоа.