🎥Јакимовски: Министерот Николоски го кочи асфалтирањето на „Јуриј Гагарин“ кој е проект со пари од Светска банка

„Министре, земаш плата за да работиш за граѓаните, а не за да држиш пресови против Карпош“ - порача Николоски

од Nikola Popovski
14 прегледи

Градоначалникот на Карпош и кандидат за нов мандат, Стевче Јакимовски денеска порача дека улицата „Јуриј Гагарин“ во неговата општина е улицата на срамот. Според него, ветено е асфалтирање на 20 октомври, а денес на улицата нема никакви работни активности.

-Нема асфалт, нема машини, нема одговорност. И така две години. Две години… Проектот стои — заглавен не во кал, туку во министерски инат, вели Јакимовски во свое видео-обраќање, потенцирајќи дека проектот лично го кочи министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

-Министре, земаш плата за да работиш за граѓаните, а не за да држиш пресови против Карпош! Ова не се твои пари, туку пари од Светска банка. За ова ќе ја известам и токму Светска Банка. И сега, поради твојата игра, страдаат луѓето од Козле, вели Јакимовски.

-Јас ви ветувам — ова ќе биде првата улица што ќе ја асфалтираме следната година. Со улица, рабници, тротоари — како што заслужува секој Карпошанец. Карпош не трпи блокади. Карпош ќе заврши што другите кочат, кажа градоначалникот во видеото.