🎥Јакимовски: Срам ми е како изгледа Карпош овие денови

од Vladimir Zorba
43 прегледи

„Ќе бидам искрен – срам ми е како изгледа Карпош овие денови. Срам ми е кога ќе поминам покрај преполни контејнери и расфрлан смет. Срам ми е кога ќе видам граѓани што живеат чесно и си ги плаќаат давачките, а за возврат добиваат само запуштеност“, соопшти градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.

„Не ми е лесно ни мене како градоначалник да гледам дека надвор од мојата надлежност, некој не си ја врши работата – а граѓаните страдаат. И не е тоа некаков изговор – туку чувство на немоќ и горчина што не можам сам да го решам она што е системски проблем. Карпош никогаш не смеел да изгледа вака. Да ти е непријатно да поминеш по сопствената улица. Да наведнуваш глава кога ќе ти дојде некој дома“, напиша Јакимовски.

Слични содржини