🎥Јокиќ од Париз директно на местото каде што најмногу сака да биде

од Nikola Popovski
111 прегледи

Најдобриот српски кошаркар, Никола Јокиќ доминираше на Игрите во Париз и ѝ помогна на својата репрезентација да освои бронза, потоа „доминираше“ уште еднаш при на прославата и доделувањето на медалите, а сега е таму каде што најмногу сака да биде – на хиподром.

Србинот веднаш по слетувањето во Белград, се качил во автомобил и се упатил кон родниот Сомбор само за да пристигне навреме за големото „касачко дерби“.

Неговиот коњачки клуб „Dream Catcher“ има неколку претставници во денешните трки.

Јокиќ е снимен како лежерно оди да земе пиво, додека луѓе му приоѓаа за да му честитаат за бронзениот медал на Игрите во Париз.

Слични содржини