🎥Како Тајсон се подготвува за Пол: Без секс, без марихуана

од Vladimir Zorba
214 прегледи

Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по егзибицискиот дуел со Рој Џонс Џуниор и ќе се бори со Јутјуб ѕвездата Џејк Пол (27) на 20 мај во Арлингтон за хонорар од 20 милиони долари.

Дали тоа ќе биде егзибиција или професионален натпревар е сè уште под знак прашалник (поминаа 19 години од последната професионална борба на Тајсон), но поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија се подготвува за Пол како да е Евандер Холифилд, Ленокс Луис или Бастер Даглас.

Во тоа име, привремено се откажа од работите во кои најмногу ужива – марихуаната и сексот.

„Живеам дисциплиниран живот. Поминаа шест недели откако последен пат имав секс. Тоа не се случило од кога бев дете“, изјави Тајсон во интервју за магазинот „Форбс“ и додаде дека тренира три пати на ден.

„Не ми се допаѓа што не можам да спијам со жена ми, но се лажам себеси дека така ми се допаѓа“, изјави Тајсон, кој брзо го потроши богатството заработено во текот на кариерата и прогласи банкрот поради неговиот екстравагантен начин на живот, но потоа застана на нозе кога легализацијата на одгледувањето и рекреативно уживање марихуана влезе во тој бизнис и засади насади на ова растение.

Не криеше и не крие дека често и радосно ужива во неа, но сега не е моментот за уживање туку за страдање и болка.

Слични содржини