🎥Карабатиќ со последниот удар во клупската кариера го „нокаутираше“ противничкиот голман!

од Vladimir Zorba
753 прегледи

Заврши еден дел од кариерата на веројатно најголемиот ракометар на сите времиња. Никола Карабатиќ го одигра последниот натпревар за ПСЖ, во победата на домашен терен против Екс со резултат 39:36.

Пред да ја заврши својата ракометна приказна засекогаш, Карабатиќ ќе игра на олимпискиот турнир во Париз.

Карабатиќ постигна еден гол на натпреварот, но на 30 секунди до крајот можеше да постигне уште еден, во неговиот последен удар кон голот во клупската кариера.

Натпреварот веќе беше решен кога беше досуден седмерец за ПСЖ, а топката му беше дадена на Карабатиќ.

Голот ќе беше одличен крај за неговата кариера, но со тоа не се согласи голманот на гостите Денис Сердаревиќ. Брилијантно се позиционираше, а потоа го запре ударот на Карабатиќ.

Но како? Со лице, по што заврши на теренот во сериозен „нокдаун“, пред да стане. Така, последниот удар во кариерата на одличниот ракометар заврши онаму каде што сите најмалку очекуваа.

На крајот Никола беше носен на рацете на соиграчите, пред свечено да го подигне пехарот наменет за шампионот на Франција.

Како изгледаше споменатиот настан од последниот напад на ПСЖ, погледнете во продолжение:

Слични содржини