Видео на социјалните мрежи на кое се гледа како дваесетина автомобили поминуваат наплатна рампа без запирање и без да платат патарина, предизвика реакции кај граѓаните.
Видеото е снимено на патарината кај Гостивар, а корисникот кој го објави напиша: „Патарините за едни се мајка, за други маќеа“.
„Тетово Гостивар патарина. 20 коли поминаа без да платат. Никогаш нема да имаме држава. НИ КО ГАШ!!!!!! Ние 3 напред, тие 10 назад. Зошто?!?!?!“, стои во објавата.