115
Навивачката група на Фк Вардар, популарните „Комити“ синоќа испратија остра порака до властите во Европската унија и го кажаа своето мислење по дебатата во Европскиот парламент и гласањето на Извештајот за Македонија, но без термините македонски јазик и идентитет.
„За да постои македонскиот народ не му треба ваша дозвола – Fuck EU Parliament“, беше испишано на транспарентот на „Комитите“.
Истите зборови ги употреби словенечката европратеничка со македонско потекло Ирена Јовева која зборуваше на оваа тема во ЕП. ,За да постои, на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, а за да го признаете тоа, вам ви треба чесност, интегритет и храброст“, им порача Јовева на бугарските европратеници.