🎥Крстевски со скеч од „К-15“ го спореди „лекувањето“ на градежниот инспектор од Кочани кој не се појави на рушење на дивоградба

Крстевски објави видео од скечот популарно наречен „Бубе го боле мео“

од Nikola Popovski
251 прегледи

Градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски на духовит начин, со скеч од популарната хумористична тројка „К-15“ го прокоментира фактот дека еден од градежните инспектори во Општината не присуствуваше на рушење на дивоградба во центарот на Кочани. Крстевски објави видео од скечот популарно наречен „Бубе го боле мео“.

Крстевски информира дека како градоначалник затекнал двајца градежни инспектори во општината.

-Едниот се уште се нема појавено на работа, а другиот кој што доаѓаше на работа, намерно или ненамерно има направено низа на пропусти. Доколку бидат докажани, против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава. Истиот градежен инспектор од сабајле беше на работа во општината и требаше да биде присутен овде за да започне постапката на рушење на објектот. Пред малку бев информиран од лица во МВР дека тој се наоѓа во Штип и дека наводно бил на лекување. Не ми е јасно како одеднаш се смени неговото здравје и расположение во текот на денот, рече Крстевски во изјава за медиумите.

Завчера требаше да се руши дивоградба на угостителски објект во трговскиот центар во Кочани, ама градежниот инспектор не се појави со образложение дека му се влошила здравствената состојба.