🎥Кузеска обвини за селективност: За Кочани се води истрага против 59 лица, од кои само двајца се актуелни функционери

од Vladimir Zorba
129 прегледи

„Поминаа триесет дена од трагедијата во Кочани, во која го загубија животот 61 лице, а уште 200 беа тешко повредени. По 30 дена, повеќе од јасно е дека истрагата за овој настан се води селективно и во сосема погрешен правец. Ова не е случајно или поради незнаење, туку намерно — со цел да се заштитат актуелни функционери, службеници и началници што морале да постапат кобната ноќ, но тоа не го сториле“, вели денеска на прес конференција Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

„До овој момент се води истрага, замислете, против дури 59 лица, од кои само двајца се актуелни функционери, а само еден е началник кој бил во оставка.

Замислете, по девет месеци на централна власт и речиси четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, никој од нивните не е одговорен, а одговорни се сите службеници и функционери до 2022 година. Кај сите осомничени се водат постапки за периодот од 2012 до 2022 година. Но, што е со одговорноста на оние што на денот на пожарот — 16 март 2025 година — биле на високи полициски функции, но и во други институции?

Во изминатите 30 дена, сите правници и експерти за безбедност потврдија дека актуелните раководства на полицијата, ДПИ и низа други институции имале директна одговорност за овој настан“, вели таа.

Слични содржини