🎥Леброн покажа зошто е „Крал“! Три тројки за 48 секунди

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Ноќта меѓу четвртокот и петокот, Лос Анџелес Лејкерс победи против Голден Стејт со резултат 120:112. Ова беше прв натпревар на Лејкерси откако Лука Дончиќ се приклучи на тимот.

Лука Дончиќ поради повреда не дебитираше за Лос Анџелес Лејкерс, тимот во кој беше трејдуван од Далас, но тимот од Градот на ангелите славеше на домашен терен.

Секако, кај Лејкерси доминираше Леброн Џејмс, кој натпреварот го заврши со 42 поени и 17 скока. Нему му недостасуваа две асистенции за „трипл-дабл“.

Врвот на вечерта се случи на почетокот на втората четвртина, кога „Кралот“ погоди три тројки за само 48 секунди. При последната тројка, Џејмс погоди од центарот на теренот, што ја натера публиката на трибините во тој момент да падне во транс, но и го крена Дончиќ на нозе.

Слични содржини