🎥Лејди Гага планира да има деца: „Подготвена сум“

од Vladimir Zorba
51 прегледи

Американската мегаѕвезда Лејди Гага откри неколку интересни детали во ново интервју. Таа за магазинот Elle изјави дека сериозно размислува да основа семејство со нејзиниот вереник, бизнисменот Мајкл Полански.

„Семејството – тоа е како корените на дрвото. Расте многу, понекогаш е деформирано, понекогаш е полно со вода, а понекогаш е жедно. Семејството ве прави тоа што сте и ја дефинира вашата потреба за промени”, истакна Гага. На прашањето дали планира да има деца, пејачката одговори кратко и јасно: „Подготвена сум“.

„Ќе ги оставиме децата да бидат свои“

Таа се осврна и на нејзиниот живот под рефлекторите и рече дека ќе ги остави децата да формираат свое мислење за тоа. „Би сакала моите деца да разберат дека зависи од нив што значи мојата уметност за нив. Никогаш не би сакала да ги обликувам нивните мислења или да им кажам како да размислуваат за мене. Тоа е нешто за што Мајкл и јас разговаравме многу – да дозволиме нашите деца да бидат „свои“, заклучила Гага.

Да потсетиме дека Лејди Гага и Полански ја започнаа својата врска непосредно пред почетокот на пандемијата на коронавирус. Својата врска, како и свршувачката ја чуваа во целосна тајна до Венецискиот филмски фестивал. Таму прошетаа по црвениот тепих држејќи се за раце, а Лејди Гага го покажа дијамантскиот веренички прстен.

Пејачката еднаш откри дека Полански ја запросил во април. За нивната свршувачка се шпекулираше подолго време. Лејди Гага го нарече свој вереник кога го запозна францускиот премиер Габриел Атал, а подоцна беше фотографирана како го носи нејзиниот веренички прстен во неколку наврати.

Кон крајот на минатата година, таа во ток-шоуто на Џими Кимел рече дека таа и Мајкл имале неколку идеи за нивната венчавка: „Всушност зборуваме да одиме во матичар само ние двајца и да нарачаме кинеска храна. Но, знаејќи ме, тоа може да стане како циркус со еднорози“.

Слични содржини