🎥Левица со „топол пречек“ за Руте – истакнаа транспарент „НАТО убива за профит“

Пратениците од Левица со транспарент за првиот човек на НАТО при неговото обраќање во Собранието

од Nikola Popovski
51 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Пратениците од Левица денеска со „топол пречек“ во Собранието за генералниот секретар на НАТО, Марк Руте кој е во еднодневна посета на Македонија. Во моментите кога Руте почна да говори пред пратениците, пратениците Димитар Апасиев, Јована Мојсоска, Амар Мециновиќ, Реџеп Исмаил и Сашко Јанчев станаа од своите места и истакнаа транспарент пред собраниската говорница со зборовите „НАТО убива за профит“.

Видеото е објавено на официјалните социјални мрежи на опозициската партија и е насловено како „герила акција“.

По ова пратениците од Левица ја напуштија собраниската сала.

Претходно првиот човек на НАТО беше пречекан со највисоки државни и воени почести во Вила Водно, по што следеше средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. Руте денеска ќе ја посети и касарната Илинден.