🎥Луда асистенција: Магичен потег на Дончиќ во дресот на Лејкерс, НБА во чудо

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ го доживеа првиот пораз во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, но со еден потег привлече големо внимание, толку што дури и НБА лигата се чуди како ја „извлекол“ таа одлична асистенција.

Откако Лејкерси ја совладаа Јута Џез во дебито на Дончиќ, истите два тима се сретнаа повторно, но дуелот се одигра синоќа во Солт Лејк Сити.

Дончиќ и овојпат одигра исто толку минути, вкупно 23, и постигна 16 поени, со што чекор по чекор го најавува својот придонес по излегувањето од тешкиот процес на опоравување од повредата.

Но, без разлика на се, Словенецот успеа да покаже дел од магијата што ја поседува. Тој синоќа направи неколку атрактивни потези, а особено се издвојува фантастичната асистенција без гледање за Остин Ривс. Дончиќ почна да се пробива, а потоа без да погледне отвори многу простор зад себе за Ривс, кој немаше проблем да погоди тројка по таквата асистенција.

НБА веднаш го објави потегот и праша: „Како Лука го најде Ривс?! Какво лудо додавање зад грб за тројка“.

„Тој е неверојатен додавач кој може да го направи секое додавање во кошарката. Само се надевав дека ќе го погодам и мило ми е што го направив тоа. Го гледав многу откако е во лигата и ги видов лудите работи што ги прави. Не ме чуди што го направи тоа“, изјави Ривс за асистенцијата по натпреварот.

Слични содржини