🎥Лудница во Пиреја: Фурние дојде да ја освои Евролигата

од Vladimir Zorba
45 прегледи

Олимпијакос со големи амбиции влегува во новата сезона во Евролигата. Доказ се сериозните засилувања, меѓу нив и францускиот репрезентативец Иван Фурние, кој на феноменален начин беше пречекан од навивачите на грчките гиганти.

Францускиот ас се врати во европската кошарка по 12 сезони во НБА.

– Олимпијакос ми беше приоритет. Веќе размислував да се вратам во Европа. Сакав да почувствувам силни емоции, на место каде што има оган. Значи, јас сум 100% за ова. Сакам да ја освојам Евролигата – изјави Фурние.

Фурние потпиша двегодишен договор со Олимпијакос, кој го врати и Саша Везенков, ги доведе Тајлер Дорси, Лука Вилдоса и Кинан Еванс.

Слични содржини