🎥Мараја Кери објави нов спот за нејзиниот познат божиќен хит, прикажани и нејзините деца

од Nikola Popovski
635 прегледи

Познатата пејачка Мараја Кери го доби прекарот „Кралица на Божиќ“ благодарение на песната „All I Want for Christmas Is You“ снимена во 1994 година.

Оваа песна секоја година за време на празниците се пушта на радио-станиците ширум светот, а сега Мараја објави ново видео за овој нејзин хит.

Имено, таа на 15 ноември ја започна турнејата „Merry Christmas One and All“ во Калифорнија, а новиот спот е направен од делови од оваа турнеја.

На една од снимките пејачката може да се види како става лента на која пишува „Кралица на Божиќ“, а за време на еден од настапите на сцената ѝ се придружиле нејзините дванаесетгодишни близнаци Марокан и Монро, кои ги добила во бракот со Ник Кенон.

За помалку од 48 часа, видеото е прегледано над 410 илјади пати.

Она што е интересно е што „Билборд“ пред неколку дена објави дека за првпат во последните неколку години на нивната листа „Hot 100“, на врвот не е Мараја, туку седумдесет и осумгодишната Бренда Ли со песната „Rockin’ Around The Christmas Tree“ од 1958 година.

На второ место е Кери, а на Бренди ѝ честитала, испраќајќи и цвеќе и писмо.

Слични содржини