„Тој сака деца, таа не“: Мараја Кери раскина со 14 години помладиот танчер

од Radmila Tasevska

Мараја Кери (54) и нејзиното долгогодишно момче, танчерот Брајан Танака (40) раскинаа по седум години врска. Како што дознава Page Six, причината за раскинувањето била тоа што Танака сака да има деца, но Кери не.

„Тој сака да има семејство. Таа не се согласува со тоа“, рекол изворот. Мараја ги има 12-годишните близнаци Марокан и Монро со нејзиниот поранешен сопруг Ник Кенон.

Танака, од друга страна, нема свои деца.

Гласините за нивното раскинување започнаа пред неколку дена кога Мараја сама отиде на патување во Аспен, Колорадо. Брајан отсуствуваше и од нејзината турнеја, која започна во ноември. Инаку, тој работеше како нејзин танчер од 2006 година, а врската ја започнаа во 2016 година.

„Тој сака да започне свој живот“, додаде друг извор, цитира Стандард лајф.

Кери дополнително ги поттикна шпекулациите дека врската е завршена кога на почетокот на овој месец изјави за People дека имала тешка година. „Цела година со нетрпение го чекав овој Божиќ. Поточно, од минатата година, бидејќи минатата година не беше најдобра“, рече таа.

Добитничката на Греми и Танака последен пат беа видени заедно за нејзиниот роденден во март.

Ова не е нивно прво раскинување. Кери раскина со Танака во 2017 година, но тие брзо се смирија.

Слични содржини