Ирскиот ММА борец Конор Мек Грегор се пријави за УФЦ 303 закажан за два месеци од денес и тоа треба да биде уште еден кам-бек за поранешниот шампион.
Добро е познато колку боречкиот спорт бара посветеност и пожртвуваност, па борците се подготвуваат за добра борба неколку месеци наназад. Ригорозната диета или долги години живот без пожртвуваност не е синоним за некогашниот шампион, кој во наредниот период ќе мора повеќе да внимава на подготовките за борбата со Мајкл Чендлер.
Два месеци пред таа борба, Ирецот бил забележан во едно приградско место од околу пет илјади луѓе во неговата земја. Со оглед дека го промовирал својот пијалок во паб во округот Мит, Мекгрегор морал и да го дегустира, па така „Forgeg Irish Stout“ станал дел од прославата во саботата вечерта.
Мекгрегор ги почестил пијалоци собраните во пабот „Nani’s“. За него е познато дека и претходно се занимаваше со производство на виски кое исто така го брендира пред неколку години.