🎥Меланија ги збуни сите и проговори српски во Калифорнија

од Nikola Popovski
306 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија во последните денови го посетија Лос Анџелес и ги обиколија областите погодени од пожарите.

За време на обиколката, Меланија имашла можност да разговара со една жена на јазик од балканското говорно подрачје, која ја бакнала и прегрнала по пријатниот разговор.

Жената го започнала разговорот со „добро попладне“, а Меланија некако изненадена одговорила: „Добро попладне, како си?“.

Двете жени потоа накратко разговарале за последиците од пожарот во оваа област.

Погледнете го видеото во продолжение:

Меланија пораснала во индустрискиот град Севница во поранешна Југославија, а уште од рана возраст покажувала интерес за уметноста и модата. Нејзиниот татко Виктор работел како продавач на автомобили, додека нејзината мајка Амалија работела во модната индустрија, изработувајќи детска облека. Тоа имало пресудно влијание врз Меланија, која почнала да се занимава со манекенство во тинејџерските години. Во 1992 година ја освоила титулата прва придружничка на мис Словенија. Студирала дизајн и архитектура на Универзитетот во Љубљана, но го напуштила колеџот за да се занимава со манекенство. До средината на 1990-тите, нејзината кариера добива меѓународни размери и се сели во Милано и Париз, каде што работи со големи модни куќи.

Во 1996 година, се сели во Њујорк, што е пресвртница во нејзиниот живот. Клучниот момент се случи во 1998 година, кога таа го запознава Доналд Трамп, тогаш етаблиран бизнис-магнат и медиумска личност. Тие се венчаа во јануари 2005 година на церемонија во Палм Бич, Флорида.

Слични содржини