🎥Младите од ФИНКИ пристигнаа пред Влада

од Nikola Popovski
323 прегледи

Дел од студентите од ФИНКИ пристигнаа пред Влада, каде што денеска треба да се одржи мирниот протест со цел подигнување на свеста во државата за подобрување на условите за студирање на студентите на ФИНКИ. Пред Владата е поставена и т.н. „цел“ каде што треба да заврши протестниот маратон по повод Денот на ФИНКИ.

Маратонот е под мотото „ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“. Стартот на маратонот ќе биде во стариот дел на Градскиот парк, на кејот на Вардар, со крајна цел до Владата.

Фото: Локално

-Целната линија на маратонот е лоцирана пред Владата како симболичен чин со кој сакаме да ја истакнеме и подигнеме свеста за проблемот со недостигот на соодветен образовен простор за студентите на ФИНКИ. Завршувањето на маратонот пред Владата ќе претставува почеток на мирен протест, каде ќе покажеме дека бројот на засегнати студенти е голем и дека барањето за подобрување на условите е итно и неопходно, велат од Факултетот преку соопштение.

Фото: Локално

Тие и пред десетина дена протестираа и импровизираа предавања пред Владата во знак на револт поради немањето свој објект. Напорите за тоа почна заедно со проектот „Скопје 2014“, кога започна изградбата на објектот за ФИНКИ во дворот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во центарот на Скопје, но со текот на годините изградбата беше оставена и претворена во депонија.

Слични содржини