🎥Момче чиј татко починал дошло до папата Франциск, тоа што се случило понатаму ќе ве натера да пуштите солзи

од Nikola Popovski
1,2K прегледи

Во ера на конфликти и поделби, многумина велеа дека папата Франциск беше глас на добрина, сочувство и разум. Таков е и овој момент кој се случил пред седум години. За време на посетата на една италијанска парохија, папата имал можност да одговори на трогателно прашање од мало момче, кое низ солзи барала утеха за својот починат татко. Овој момент стана симбол на безусловна љубов, надеж и верување, а папата покажа колку е важно да се биде присутен за оној што страда.

Малиот Емануел, збунет и емотивен, не можел да го изговори прашањето што му било најважно – прашање што со себе ја носи тагата и несигурноста на детето. Во моментот кога се приближил до микрофонот, останал без глас и солзи му потекле по лицето.

На видеото, кое стана вирално, се гледа како папата нежно го повикува да дојде кај него, нудејќи му утеха и уверување.

„Не грижи се, Емануеле. Ти постави важно прашање. Можеш да ми шепнеш“, рекол папата. Момчето го прашало: „Дали татко ми е ворајот?“.

Таткото на малиот Емануел, иако не бил верник, решил да ги крсти своите деца и да им обезбеди верско наследство. Иако починал, момчето не можело да се помири дали татко му ќе биде на рајот и дали ќе биде со него во некој подобар свет.

Папата Франциско потоа со длабока нежност го споделил прашањето на Емануеле со присутните, објаснувајќи како момчето ја раскажало приказната за својот татко.

„Колку е убаво да се слушне син како вели: „Татко ми беше добар“, тоа е навистина прекрасен пример за храброст и љубов“, рекол папата, нагласувајќи ја силата што таткото, иако не бил верник, го научил синот за љубовта и храброста.

„Ако тој човек можел да ги воспитува своите деца да бидат вакви, тогаш сигурно бил добар човек. Тој бил добар човек“, додал Франциск и алудирал на тоа дека Бог таквите луѓе не ги остава далеку од него и далеку од рајот. Тогаш папата ги прашал присутните дали „Бог ги напушта добрите луѓе“ на што сите насобрани извикале „не“.

 

View on Threads

 

Слични содржини