🎥Момчиња бараа автограм од Гвардиола, а тој им одржа животна лекција – погледнете зошто

од Nikola Popovski
49 прегледи

На социјалните мрежи се појави интересно видео на кое Пеп Гвардиола е бесен на пет момчиња кои го пречекале на аеродром и му побарале автограм. Иако на прв поглед изгледа дека Гвардиола не се однесувал добро, всушност не барале автограм вистински љубители на фудбалот – туку „професионалните ловци на автограми“.

Тоа се луѓе кои бркаат фудбалери и тренери по аеродроми и хотели и бараат да им се потпишат на облека, налепници, албуми… Подоцна ова го продаваат за многу пари и заработуваат од тоа.

Пеп Гвардиола добро ја знае нивната „работа“, па им одржа лекција на петте млади момчиња:

„Не доаѓајте повеќе овде, ви ги знам лицата. Одете на училиште и подгответе се за животот. Вие сте премногу млади за да си го губите времето и животот. Дали сакате да го правите ова до крајот на животот? Кои се вашите соништа?“ рекол тренерот на Манчестер Сити.

Еден од нив му рекол дека сигурно не сака да живее од тоа, друг дека бил готвач пред да стане „ловец на автограми“, а Гвардиола речиси им одржал мотивациски говор за промена на кариерата.

И покрај се, Гвардиола испаднал „човек“ и се потпишал на се што донеле…

Слични содржини