🎥Мурињо повреден на тренинг на Фенербахче

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо доживеа несреќа на тренинг во Истанбул. Тој самиот го објави тоа на социјалните мрежи.

Специјалниот беше соборен на земја од играч на Фенербахче на една од тренинг сесиите. Португалецот се обиде будно да ја следи играта на своите играчи, но еден од нив го сопна во обид да стигне до топката.

Мурињо веднаш побарал лекарска помош и го напуштил теренот со помош на лекарскиот тим на Фенербахче.

Секако, тоа беше несакана несреќа, која Мурињо со насмевка ја прифати и им даде совет на младите тренери.

„Еден совет до младите тренери: „никогаш не носете исти бои како играчите“. Некој може да ви ја додаде топката… или да ве шутне одзади“, напиша Мурињо под видеото.

Слични содржини