Португалскиот тренер Жозе Мурињо за прв пат ја коментираше информацијата дека е пред назначување за тренер на Фенербахче. Тој одби официјално да ја потврди својата преселба во турскиот гигант, но призна дека ќе му биде многу тешко да го внесе тимот во групите од Лигата на шампионите.
Специјалниот го следи во живо денешното финале на ЛШ на „Вембли“, па „Скај Спортс“ ја искористи шансата да го праша зошто реши да се пресели во Фенербахче.
„Сè уште не, сè уште не. Решив дека сакам да одам таму, но сè уште не е завршено, па не можам официјално да потврдам. Но, да, сакам да одам таму. Ќе ни биде тешко во Лигата на шампионите бидејќи треба да надминеме три квалификациски кола. Во случајот со Фенербахче, осум играчи се на ЕП, па нема да бидат на тренинзи пред првото коло. Значи, ќе биде тешко. Но, ако одам таму, знаете дека сакам предизвик. Затоа, ако одам, ќе се бориме да бидеме во Лигата на шампионите“, прокоментира Мурињо.
"It's not done yet… but yes I want to go" 🙏
José Mourinho with the latest on his potential move to Fenerbahçe 🇹🇷 pic.twitter.com/aExHyNWhXG
— Sky Sports Football (@SkyFootball) June 1, 2024