🎥Мурињо сподели видео од спорна ситуација и предизвика бура во Турција: „Играме против системот!“

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Фудбалерите на Фенербахче го совладаа тимот на Трабзон (3:2) во десеттото коло од турскиот шампионат, но натпреварот го одбележаа спорни ситуации, кои Жозе Мурињо, тренерот на Фенер, ги сподели со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм.

Гостинот на овој меч успеа да земе три бода и со тоа да ја намали предноста на Галатасарај на пет бода, а решавачкиот гол го постигна Софијан Амрабат во 12. минута од судиското надополнување.

Сепак, Фенербахче можеше и порано да победи, а како што тврдат од редовите на овој тим, на натпреварот биле оштетени во неколку ситуации. Ова со сите на Инстаграм го сподели и Мурињо кој објави детал од 82. минута кога гостите бараа пенал.

„Гледајте и смејте се. Ако сакате, погледнете ја играта, бидејќи смешните ситуации не престануваат со овој клип“, сподели Мурињо.

Ова видео предизвика голема бура во Турција, а веќе по натпреварот можеше да се очекува дека Португалецот таму ќе предизвика бура во фудбалот.

„Играме против добри ривали, но и против системот. Вие Турците мора да зборувате за тоа јасно и гласно. Ова го кажувам во името на сите навивачи на Фенербахче“, додаде Жозе Мурињо.

Останува да видиме дали Мурињо ќе биде казнет за овие зборови. Инаку на табелата води Галатасарај со 28 бодови, а Фенербахче е втор со 23.

Слични содржини